„Блек фрајдеј“ и потрошувачката хистерија започна – чувајте се од триковите на трговците!

770

Започна лудилото и шопинг манијата на денешниот последен петок во ноември познат како „црн петок“. Попустите што ги најавија трговците, веќе започнаа, но економистите и претставниците на потрошувачките организации ги предупредуваат клиентите да бидат внимателни, бидејќи прашање е дали попустите се реални или само маркетинг трик.

Продавачите си играат со психата и импулсите на потрошувачите и заработуваат од од луѓето кои купуваат на огласени попусти. Но, како што велат економистите потрошувачите, главно водени од нивните импулси и ветувањето на трговците за големи попусти, одат на шопинг. Доколку потрошувачот навистина е претпазлив пред да пазарува, прво треба да се информира за редовните цени, за да не биде изненаден од „попустот“. Во некои случаи цената на попустот е дури и повисока од редовната.

Тоа значи дека трговците имаат обврска, покрај цената со попуст, освен процентот на тој попуст, мора да ја има и редовната и цената со попуст. Постои обврска за информирање на потрошувачот и тоа е едно од неговите основни права, но и една од клучните обврски на трговецот согласно Законот за заштита на потрошувачите.

Потрошувачот мора да добие целосни и вистинити информации за производот што го купува, вклучувајќи ја и неговата цена.

Блек фрајдеј на македонски начин – плаќаш три земаш две!