Шпанските кошаркарски гиганти, екипите на Реал Мадрид и на Барселона, претрпеа убедлив пораз на почетокот од четвртфиналната серија во Евролигата.

И покрај тоа што ја загуби првата четвртина (21:25), Монако на крајот успеа убедливо да ја совлада Барселона со 97:80. Клучната предност за водство од 1:0 во серијата, екипата од Кнежеството ја оствари во третиот дел, кој го доби со 32:17. Џејмс и Теис го предводеа домашниот тим со по 22 поени, додека Окобо додаде 19 поени. Кај поразената Барселона се истакна Пантер со 16 поени.

Олимпијакос во првата четвртина му покажа на Реал Мадрид што го чека во Пиреја, бидејќи убедливо ги доби првите 10 минути (27:14). Во преостанатиот дел од натпреварот, домашната екипа без поголеми проблеми ја одржуваше предноста, а конечниот резултат беше 84:72. Одличниот Везенков со 23 поени го предводеше домашниот тим, а Љуљ беше најефикасен кај „кралевите“ со 16 поени.

ИЗДВОЕНИ