Бизарен инцидент во Кина: Десетгодишник го пријавил татко си во полиција дека крие наркотици

103

Десетгодишно момче кое татко му го искарал дека не си ја завршило домашната задача, му се одмаздил на својот татко пријавувајќи го во полиција за поседување и криење на наркотици.

Бизарен инцидент се случи на почетокот на јануари во кинескиот град Јинчуан, округот Јонгнинг.

Откако татко му жестоко го искарал дека не си ја завршил домашната задача на време, десетгодишното момче излегло од куќата и директно отишло во блиската продавница и прашало дали може да го користи телефонот.

Ученикот од петто одделение се јавил на 110, кинескиот број за итни случаи, и побарал да зборува со полицијата, тврдејќи дека има доказ дека неговиот татко дома криел чашки од афион, кои се сметаат за нелегална дрога.

Потоа мирно чекал да дојде полицијата и да ги пушти во куќата да извршат претрес и да ја потврдат неговата приказна.

При претресот, полицијата на балконот од куќата на момчето пронашла осум исушени чашки од афион, а таткото на момчето признал дека ги купил, но додал дека планирал да ги користи само за медицински цели.

Тој изрази жалење што го прекршил законот кој ги класифицира чашките од афион како опасна дрога, но инсистирал дека тоа го направил несвесно, пренесува News China.

Полицијата ги однела доказите и осомничениот во блиската станица и оттогаш случајот го препратила до Бригадата за борба против наркотици.

Кинеската полиција го користи овој необичен случај уште еднаш да ја потсети јавноста дека е нелегално да се одгледува или поседува чашки од афион без дозвола.

Евентуалните прекршители ќе се соочат со кривични казни според законот за наркотици.

За оние кои не знаат, исушените чашки имаат лековита вредност, бидејќи можат да ја ублажат болката, да помогнат при спиење и да го намалат стресот.

Останува фактот дека нивното одгледување и поседување во Кина, како и во повеќето други земји во светот, е нелегално, бидејќи тие се поврзани со производство на опиум.

ИЗДВОЕНИ