Бившиот на Северина – Игор Којиќ повторно застана на “лудиот камен“

21

Софија Дачиќ е 15 години помлада од Игор. Бившиот на Северина вешто ги избегна новинарите, но тие се си дознаа и ако Игор се обиде да се сокрие. Игор и Софија потоа направија граѓанска венчавка на Нов Белград, а наскоро ќе се заветат и на вечна љубов пред Господ.

 Игор Којиќ, синот на српскиот фолк пејач Драган Којиќ Кеба, завчера  тајно се ожени со својата нова животна избраничка. Тоа е Софија Дачиќ, која е 15 години помлада од него. Бившиот на Северина вешто ги избегна новинарите, но тие се си дознаа и ако Игор се обиде да се сокрие.

Игор и Софија потоа направија граѓанска венчавка на Нов Белград, а наскоро ќе се заветат и на вечна љубов пред Господ.

– Игор е голем верник и нему црквена венчавка му е многу поважна од онаа во општинската. Но, тој и Софија се сакаат толку многу што не сакаа повеќе да чекаат, па оваа формалност пред законот ја направија на неколку дена пред православен Божиќ. Бидејќи тогаш сè уште беше во тек божиќниот пост, тие не можеа да се венчаат во црква. Како што сега стојат работите, се планираат две опции. Да се направи во парохиската црква Свети Василиј Острошки на Бежанијска коса или да одат во некој манастир далеку од градската врева, таму да го прават овој свет чин, раскажал еден новинарски извор.

Сепак, од како беше разоткриен, Игор за српски „Блиц“ ја потврди среќната вест и потврди дека тој и неговата сопруга добиле признание од белградската општина.

– Точно е дека јас и мојата втора сопруга добивме награда и признание од општина Нови Белград како прва брачна двојка во 2025 година. Софија е мојот дар од Бога. Првата моја и последна, единствена, вистинска љубов. Ако мислевте дека тоа е Северина, дебело се лажете, рекол среќниот Којиќ.  А, што на се ова рекол тато Драган за новиот брак на синот, за сега останува мала тајна. Веројатно нешто убаво крие, дека би можел да стане наскоро и дедо?!

 

ИЗДВОЕНИ