Бившата на Канје, по примерот на Бјанка Ценсори: Џулија Фокс целосно „нецензурирана“ на црвениот тепих/ФОТО/ВИДЕО

1384

Џулија Фокс повторно го привлече вниманието со својот храбар моден избор на после забавата на доделувањето на Оскарите на Vanity Fair.

Таа на настанот се појави во потполно проѕирен долг фустан под кој беше речиси гола, а интимните делови се обиде да ги сокрие со надградба на коса.

Нејзината комбинација многумина потсети на неодамнешниот стајлинг на Бјанка Ценсори, сопругата на Канје Вест, која носеше слична, но уште попровокативна облека на доделувањето на Греми наградите, поради што наводно била исфрлена.

Џулија, која воедно е и поранешна девојка на Канје, е позната по своите предизвикувачки и неконвенционални модни избори. Таа неодамна изјави дека сака облека што раскажува приказна и отсекогаш била привлечена од неконвенционалниот стил.

– Сакам облека што раскажува приказна. Ми се допаѓа да покажува каква личност сум. Мислам дека кога ќе скокнеш на секој тренд што ќе се појави, тоа покажува недостаток на автентичност и идентитет. Секогаш ме привлекувале чудни личности, луѓе кои се облекуваат лудо, вели таа.

Сепак, она што никој не го пропушти е тоа што познатата актерка не се појави во нешто што веќе беше видено. Имено, фустанот кој го носеше го потпишува креаторката Дилара Финдикоглу, која го лансираше овој фустан во пролетта 2023 година. Колекцијата во тоа време во основа имаше креации со коса и таа коса беше „темата“ на споменатата ревија.

ИЗДВОЕНИ