Граѓаните на Општина Битола веќе трета година по ред имаат пристап до повратните вендинг машини во кои може да го стават амбалажниот отпад и за возврат да добијат т.н. зелени поени, кои подоцна може да бидат заменети со вредни придобивки и поволности како: ваучери за попусти во маркетите и во другите продажни објекти, плаќање јавни услуги и комунални трошоци. Зелените поени за успешно селектирање на отпадот се добиваат преку мобилната апликација „Екомак“, на која во моментов има регистрирано дури 4.117 корисници

 

Еколошката свест во земјава расте, а битолчани го покажуваат тоа на најдобар можен начин. И оваа година, Битола се наоѓа на самиот врв од листата со најеколошки општини во земјава. Жителите на Битола, во текот на 2024 година, селектирале и правилно одложиле преку 1 милион пластични шишиња и лименки преку повратните машини на „Пакомак“. Податоците што ги обезбеди „Пакомак“ покажуваат и огромен раст во однос на 2023 година, што укажува на тоа дека еколошката свест во оваа општина и понатаму се зголемува.

Селектирањето на амбалажниот отпад во Битола дополнително е поттикнато и од Општината откако градоначалникот Тони Коњановски донесе одлука да ги финансира „зелените поени“ за да ги стимулира граѓаните да ѝ се приклучат на екокаузата. И ова навистина дава резултати, бидејќи бројот на луѓе што ги користат повратните вендинг машини и количината отпад што се селектира значително се зголемени по оваа одлука.

За споредба, во 2023 година, битолчани селектирале солидни 66.975 парчиња амбалажа, а веќе во следната 2024 година овој број пораснал дури на 1.029.745 парчиња. Претворено во тежина, тоа значи дека Општина Битола селектирала дури 32.328 килограми повеќе отпад во 2024 година отколку во 2023.

Граѓаните на Општина Битола веќе трета година по ред имаат пристап до повратните вендинг машини во кои може да го стават амбалажниот отпад и за возврат да добијат т.н. зелени поени, кои подоцна може да бидат заменети со вредни придобивки и поволности како: ваучери за попусти во маркетите и во другите продажни објекти, плаќање јавни услуги и комунални трошоци. Зелените поени за успешно одложување на отпадот се добиваат преку мобилната апликација „Екомак“, на која во моментов има регистрирано дури 4.117 корисници.

Поставувањето на повратните вендинг машини е проект започнат од „Пакомак“ и од швајцарската Амбасада, како стратешки партнер, преку кој во изминатите четири години беа поставени 70 машини во 15 града (општини) од земјава. Во моделот за поставување на машините приоритет имаат општините што учествуваат во стимулирањето на своите граѓани да ги користат машините со субвенционирање на „зелените поени“ – симболичен издаток за општината кој дава големи резултати преку собрани шишиња и лименки, кои во спротивно би завршиле во речните корита и на локалните депонии.

Повратните вендинг машини (ПВМ) го прават селектирањето отпад полесно и исплатливо за граѓаните, но поттикот што го даваат општините дополнително ја стимулира ангажираноста и прави да се вклучуваат во поголем број.

Една од општините што располагаат со ПВМ е соседната Општина Прилеп, која е нешто помала според бројот на жители, но, сепак, споредлива со Битола. Но, таа не ги стимулира „зелените поени“, и се забележува тоа во добиените резултати. Прилепчани, во текот на 2024 година, селектирале 441.590 парчиња отпад или претворено во килограми, тоа би било 16.427 кг отпадна амбалажа – што е повеќе од двојно помалку од резултатите добиени од Општина Битола.

Преку повратните вендинг машини на „Пакомак“, во текот на 2023 и на 2024 година биле собрани околу 18 милиони шишиња и лименки, од повеќе од 46.000 регистрирани корисници. Бројот на луѓе што ја преземаат и ја користат апликацијата „Екомак“ секојдневно расте, со што се зголемува и количината отпад што завршува за рециклирање, но и еколошката свест кај населението.

ИЗДВОЕНИ