„Bitola City Bus“ – нова можност за подобар јавен превоз во градот

102

Со цел подобрување на јавниот превоз во градот, намалување на сообраќајниот метеж и поедноставно и побрзо патување, Ротари клуб Битола изработи апликација што треба да ја олесни и да ја подобри мобилноста во Битола.

Со апликацијата „Bitola City Bus“, граѓаните ќе имаат можност да добијат точна информација во реално време, каде се наоѓа потребниот автобус.

Апликацијата и придружниот систем се донација од Ротари клуб Битола за Општина Битола и ќе бидат промовирани утре, на Техничкиот факултет.

– Оваа е уште една дигитална алатка што се воведува во Општината со цел обезбедување подобри можности за граѓаните за брзо и ефикасно завршување на обврските. Во изминатиот период, воведени се геоинформациски (ГИС) систем, електронски систем за преглед и плаќање данок, систем за управување со документи (ДМС), а аплицирањето за субвенции за дограма, кое ќе започне на 8 април, исто така ќе се реализира преку нов модул: електронски систем за поднесување барања за субвенции – велат од Општина Битола.

ИЗДВОЕНИ