Биткоинот со рекордна вредност пред инаугурацијата на Трамп

109

Вредноста на биткоинот се зголеми за 5,5 отсто на нов рекорд од 109.241 долар денеска пред претседателската инаугурација на Доналд Трамп.

Зголемувањето на криптовалутата дојде откако новоизбраниот претседател на САД и неговата сопруга Меланија ја претставија мем-монетата $TRUMP во текот на викендот, чија цена беше околу 58,18 долари во 10:00 часот.

Мем коините се криптовалути создадени исклучиво за хумор и често претставуваат реакција на одредена интернет шега, лик, па дури и слика, а во повеќето случаи имаат силна заедница зад себе. За разлика од биткоинот, тие не се предмет на рударење и затоа се честа тема на шпекулации.

За време на неговата кампања, Доналд Трамп објави дека САД ќе станат „земја на криптовалутите“, додека себеси се нарекува „крипто претседател“. На почетокот на неговиот мандат, се очекува Трамп да издаде извршни наредби насочени кон промовирање на широко распространето усвојување на дигитални средства.

ИЗДВОЕНИ