Вредноста на биткоинот падна за повеќе о 25 отсто во однос на јануарските рекордни вредности откако најавите на Трамп за царините и можна трговска војна ги натераа инвеститорите масовно да го распордаваат дигиталниот имот.
Биткоинот и етериумот изгубија по седум отсто од својата вредност денес, пренесува њујоршки Блумберг. Врвните вредности на биткоинот беа забележани на денот на претседателската инаугурација на Доналд Трамп на 20 јануари, кога биткоинот се продаваше за повеќе од 105.000 евра, но од тој момент до денес падна за 27 отсто, пренесува Танјуг.
Извршната директорка на BTC Markets, Каролин Боулер, верува дека ваквото пазарно расположение последен пат е забележано во 2022 година, кога цените на биткоинот и другите дигитални валути нагло паднаа за време на таканаречената „крипто зима“ поради зголемените каматни стапки и проблемите во индустријата. Таа смета дека сега пазарите реагираат на геополитичката неизвесност и можноста за царини во САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека царините од 25 отсто за Мексико и Канада ќе стапат на сила на 4 март, заедно со дополнителни 10 отсто царини за кинескиот увоз.
Пекинг предупреди дека „ќе ги преземе сите неопходни мерки“ доколку САД ги зголемат царините за кинескиот увоз. Претходно оваа недела, Трамп, исто така, објави царини од 25 отсто за европските автомобили и други стоки, но без да прецизира временска рамка.