Како што се приближува стартот на новата сезона во НБА, се повеќе играчи добиваат отказ од клубовите кои полека ги комплетираат своите ростери. Сега токму Чикаго Булс ги отпуштија Кенет Лофтон Јуниор и Онуралп Битим.

На почетокот на минатата сезона Ергин Атаман и Панатинаикос сакаа во своите редови да го донесат токму Онуралп Битим да дојде во Атина, но тој одби и реши да се проба во НБА лигата. Тој беше член на турска Бурса, а потоа потпиша двонасочен договор со Чикаго Булс. Таму баш и не се прослави, одигра само 23 натпревари на кои имаше просек од 3,5 поени, што се покажа како лош потег во неговата кариера.

  • Разговарав со Панатинаикос и тренерот Ергин Атаман. Работев со него и во Ефес и во репрезентацијата и тој е еден од најдобрите тренери во Европа, а Панатинаикос е еден од најголемите клубови во историјата на европската кошарка. Чест ми е што ме сакаа, не знам што носи иднината, но фокусиран сум на Чикаго Булс, го кажав тоа многу пати. Чувството е неверојатно, ова за мене е остварување на детскиот сон. Имав далеку подобри финансиски понуди од Европа, можев да играм во Евролигата, но целта ми беше да играм во НБА и се чувствувам одлично, изјави Битим, кому на крајот му се удри од глава таа одлука.

Онуралп Битим има 25 години, ги покрива позициите крило и бек, а сега е слободен на пазарот. Речиси никој НБА тим не го сака во своите редови, па не е исклучен можноста повторно да се врати во Европа.