Високите сметки за струја, на кои голем број граѓани се пожалија, ќе бидат коригирани, истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
Тој е свесен за револтот на граѓаните и гарантира дека ЕВН Хоум ќе направи корекциски сметки.
– Граѓаните нема да платат повеќе од она што потрошиле согласно тарифниот систем – рече Билимоски и најавува и новина кога станува збор за читањето на струјомерите за потрошувачка на електрична енергија.
Според него, технички е невозможно сите броила да ги прегледува ЕВН и затоа се правело предвидување на потрошувачката.
– Позитивните решенија потоа мора универзалниот снабдувач да ги прифати и најчесто на потрошувачот му се компензира со пребивање од следните сметки – вели Бислимоски.