Билјана Јаневска поднесе оставка од сите функции во ЛДП

128
LDP

Билјана Јаневска, генерален секретар на Општинската организација на Либерално-демократската партија во Карпош, денеска поднесе оставка од сите партиски функции. Оставката, вели, ја поднесува од лични причини.

– Би сакала да ја информирам јавноста дека денеска поднесов неотповиклива оставка од сите мои функции во Либерално демократската партија. Сметам дека дадов свој придонес во ЛДП, а оставката ја поднесувам од лични причини кои заради коректност кон партијата, нема да ги образложувам, вели Јаневска.

Таа потенцира дека денеска завршува со оваа заложба која, како што вели, била полна со предизвици, искачувања и падови.