Билетот за едно возење може да се плаќа преку бројот 185 со СМС порака

53

Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ известуваат дека од вчера стартуваше новиот начин на плаќање на билет за едно возење преку бројот 185, со СМС порака.

При тоа, појаснуваат дека патникот од својот мобилен телефон треба да сврти на бројот 185 при што слуша „бип“ сигнал и говорна порака „купивте билет за едно возење со цена 40 ден. во HH:MM“.

При вртење на бројот 185 не е потребно телефонот да се приближува до валидаторот.

-Наплата се врши во истиот момент кога корисникот го завртил бројот 185 и го слушнал „бип“ сигналот без разлика дали е докрај исслушана говорната порака – нагласуваат од ЈСП.

На мобилниот телефон стигнува потврдна СМС порака во која ќе пишува „купивте билет за едно возење со цена 40 ден. во HH:MM“ .

Доколку патникот има проблем со телефонската сметка можно е да ги добие пораки дека траксанцијата е неуспешна поради немање на доволно средства на сметка, поради активирана забрана, веќе купен возен билет, од технички причини или поради надминат лимит за користење на оваа услуга.

Цената на билетот не се менува останува 40 денари со вклучен ДДВ.

Воедно, од ЈСП ги информираате корисниците на услугите дека функционирањето на старата мобилна апликација „Скопска“ ќе биде прекинато и истовремено почнувајќи од 30.10.2024 година ќе биде пуштена во функција новата мобилна апликација „Skopjebus”. Истата, може да се превземе преку мобилните апликации Play Store за корисниците на Android уред и App Store за корисниците на iPhone.

-Со инсталирањето и логирањето на новата апликација сите средства кои корисникот ги поседувал досега во паричникот, автоматски ќе бидат префрлени на неговата сметка во новата апликација. Упатството за новата апликација го добивате едноставно преку скенирање на QR кодот кој можете да го најдете во сите автобуси за градски превоз, што ќе ве однесе директно до локацијата со упатствата за користење – соопштуваат од ЈСП.