
На прашање дали Европската унија (ЕУ) и земјите членки можат да гарантираат дека окако Македонија ќе ги спроведе уставните измени не би имала нови блокади поради билатерални прашања, поврзани со идентитетот, јазикот или историја, еврокомесарката за проширување Марта Кос, кажа дека гаранции не може да има.
Во стил на прочуената ЕУ контрадикторност, Кос вели дека најдобро би било билатералните прашања да не се мешаат во пристапниот процес ама дека треба да се решат за да се почнат преговорите за членство.
Како натаму? Ни власта, ни опозицијата, а ни челниците на ЕУ, немаат ни одговор ни решение. Македонските граѓани, пак, се изморени од условувањата за почеток на преговорите за членство, особено од оние кои не беа поврзани со критериумите за реформи.