„Билатерален спор на многу деликатно поле“: Германија стави вето на турското барање за заштита на правото на деликатесот ќебап

292
Фото:пекселс

Германија и Турција се судрија околу традиционалниот специјалитет ќебап, при што Берлин се жали на обидот на Турција популарната улична храна да добие заштитен статус во ЕУ, како на пример шпанската серано шунка или неаполската пица.

Спорот околу специјалитетот започна во април кога Турција поднесе барање за регистрирање на името „донер“ како „загарантиран традиционален специјалитет“ низ Европа, што значи дека етикетата може да ја користат само производителите кои следат одредени методи на производство и спецификации за месото од кој се прави ќебапот, пренесува АП.

Германија тврди дека тоа ќе создаде огромни бирократски пречки и ќе ја зголеми цената на популарното јадење.

Имајќи предвид дека прашањето за трошоците за живот ги загрижува гласачите во пресрет на клучните регионални избори во септември во Германија, официјален Берлин стави вето на барањето на Турција.