Бил наградуван на натпревари и најдобар во гимназијата: Откриен идентитетот на ученикот кој ги уби заменик директорот и соученичката во Словачка

700
Foto: Policija SR

Самуел (18) денеска уби најмалку две лица, а тешко рани едно, во гимназијата во Спишка Стара Веса во Словачка. Со нож ги нападнал учениците и наставниот кадар.

Нападот се случил во гимназијата. Според словачките медиуми, полицијата успеала да го приведе напаѓачот.

Според словачките медиуми, Самуел е награден за најдобар ученик на училиштето.

– Успеа да постигне неколку успеси на регионални и реонски студентски натпревари. Беше успешен на Европските олимписки игри за млади – вели изворот.

Гимназијата ја претставуваше и како спортист. За училиштето играше мал фудбал, кошарка и флорбол.

Според првите информации, напаѓачот денеска требало да има стручен испит во гимназијата во Спишка Стара Веса.

Загинаа 52-годишен заменик директор и ученичка. Во нападот се повредени две лица, а едно од нив е со повреди опасни по живот.

Министерот за внатрешни работи на Словенија, Матуш Шутај Ешток, го осуди нападот врз учениците, додавајќи дека излегол на местото на трагедијата и изразил сочувство до семејствата на жртвите.

Пред училиштето има неколку амбулантни возила.

ИЗДВОЕНИ