Бил Клинтон се врати на сцената и го исмеа Трамп: „Стар сум, но сè уште сум помлад од него“

696
EPA EFE CAROLINE BREHMAN

Последен пат кога Демократската партија се собра на конвенција во Обединетиот центар, Бил Клинтон (78) ја прифати номинацијата во 1996 година за неговата кандидатура за реизбор, пишува The Hill.

Речиси 30 години подоцна, поранешниот американски претседател синоќа беше во истата арена за да ја претстави нивната кандидатката и потпретседателка на САД Камала Харис.

„На нашата земја и треба Камала Харис, претседателка на радоста“, рече Клинтон, кој ги повика Американците да гласаат за неа и рече дека ќе бидат горди ако го сторат тоа.

На почетокот на својот говор, Клинтон му оддаде почит на претседателот Џо Бајден, потсетувајќи дека дошол на позицијата во многу тежок период, помогнал земјата да излезе од пандемијата и Американците да се вратат на работа.

„Тој потоа се справи со надворешно-политичките кризи како што се војната во Украина и конфликтот во Газа, и на крајот се откажа од политичката моќ за доброто на земјата“, рече тој.

Клинтон го критикуваше поранешниот претседател Трамп, посочувајќи дека тој „донесува хаос, а потоа управува со тој хаос“, но и се пошегува на негова сметка.

„Имам 78 години и најстар сум во нашето семејство, но сè уште сум помлад од Трамп“, рече Клинтон.

Тој ги повика гласачите да обрнат внимание на тоа како поранешниот претседател зборува само за себе и мисли само за себе, додавајќи дека Камала Харис, „кога ќе стане претседател“, ќе мисли на другите секој ден.

Клинтон ја истакна важноста на претседателските избори во САД во ноември и неопходноста од победа над републиканецот и поранешен претседател Доналд Трамп, кого го исмеваше во својот говор, пренесува NPR.