Владата на САД треба да продолжи да обезбедува странска помош преку Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), според основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.
Како што пренесува NBC News, основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, го упатил овој апел до американскиот претседател Доналд Трамп.
Трамп претходно ја обвини УСАИД дека украла милијарди долари од федералниот буџет за да плати за медиумите.
– Најголем дел од тие пари отидоа за финансирање на медиумите кои прават лажни вести како компензација за создавање афирмативни приказни за Демократската партија – рече Трамп.