Бил Гејтс разводот го опиша како најголема грешка, а веќе шета со својата нова избраничка

732
EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Taткото на Мајкрософт, Бил Гејтс, присуствуваше на 11-тото доделување на наградите во Калифорнија со неговата нова девојка Пола Херд.

Гејтс беше еден од гостите на церемонијата во Санта Моника која собра многу познати имиња.

Тука беше и Џеф Безос со неговата свршеница Лорен Санчез, двајцата во тандем го украдоа целото внимание на црвениот тепих, но ни Гејтс и неговата избраничка не заостануваат..

Тие првпат беа видени заедно во 2023 година, а познато е дека Пола била сопруга на покојниот Марк Херд, извршен директор на „Оракл корпорејшн“. Пред тоа, таа беше технички менаџер во NCR Global.

Бил Гејтс неодамна се најде во центарот на вниманието кога зборуваше за разводот од Мелинда по 27 години брак.

Тој развод ќе остане запаметен по тоа што Бил го чинел дури 12,5 милијарди долари.

ИЗДВОЕНИ