„Билборд“ ја прогласи Бијонсе за најголема поп ѕвезда на 21 век. Споменатиот музички магазин ги објасни и причините.
„Бијонсе е на врвот на листата составена од нашите уредници врз основа на 25 години од нејзиното влијание“, изјави Ендрју Унтербергер.
Беше забележано и дека таа е посветена на иновациите и дека високо ја поставила границата за сите други поп пејачи.
Бијонсе има дури 32 Греми, а се очекува да освои уште некоја во јануари, благодарение на последниот албум „Cowboy Carter“.
Кога станува збор за листата на „Билборд“, има девет песни број еден и 24 најдобри песни на Хот 100. Осум нејзини албуми се на врвот на Билборд 200, почнувајќи со нејзиниот деби соло албум од 2003 година, „Dangerously In Love“.
Уредниците на „Билборд“ минатата недела објавија дека Тејлор Свифт е втората најголема поп ѕвезда на 21 век, а зад неа е Ријана.
„Додека Тејлор Свифт е најголемата поп-ѕвезда на овој век во однос на бројките, Бијонсе го води изборот на нашиот уредник благодарение на нејзиното 25-годишно влијание, еволуција и релевантност“, објаснува „Билборд“.
Инаку, Тејлор Свифт и Бијонсе се во добри односи долги години. Изворите велат дека Тејлор е „многу среќна за Бијонсе“, која е прогласена за најголема поп-ѕвезда на Билборд на 21 век.