Бијонсе наградена со „Греми“ за најдобар албум за „Каубој Картер“

164

Американската Р&Б пејачка Бијонсе ја освои наградата за најдобар албум на 67. доделување на наградите „Греми“ во Лос Анџелес. Таа беше наградена за својот осми албум „Каубој Картер“ (Cowboy Carter), којшто ги става во контекст црнечките корени на кантри-музиката. Пејачката ја посвети наградата на Линда Мартел, една од пионерите за црнечките музичари во кантри-музиката и првата Афроамериканка што настапила како солоартист на „Гранд оле опри“.

Покрај главната награда, албумот „Каубој Картер“ освои и „Греми“ за најдобар кантри-албум, а Бијонсе доби признание и за најдобра кантри-изведба во дует или група.

На доделувањето на „Греми“, американскиот рапер Кендрик Ламар, пак, триумфираше, со пет награди, вклучително и за сингл и песна на годината за „Not Like Us“. Чапел Роун беше прогласена за најдобар нов изведувач, додека Шакира победи во категоријата најдобар латино поп-албум со „Las Mujeres Ya No Lloran“.

Водител на церемонијата беше Тревор Ноа, кој ја водеше оваа престижна манифестација петта година по ред. Годинава, Греми наградите беа во знак на солидарност со жртвите на неодамнешните пожари во Лос Анџелес, а организаторите апелираа до гледачите и корпорациите да донираат средства за помош на погодените.

ИЗДВОЕНИ