„Бијело дугме“ или „Бело копче – Tribute Bijelo Dugme“ со  „Сувенир из Сарајева“ во скопскиот ноќен клуб „Интермецо“

910

Најпознатиот македонски трибјут бенд, „Бело копче – Tribute Bijelo Dugme“, секогаш „верни на оригиналот“ и со музика и со рокерскиот изглед особено кога е во прашање пејачот Жељко Бебек, како и со својот сценски настап успешно го пресликуваат најславниот рок-бенд на сите времиња од овие наши географски простори.

„Бело копче – Tribute Bijelo Dugme“ подготвуваат вистинско музичко изненадување за сите музички сладокусци кои и понатаму ги обожуваат нивните незаборавни песни.

Но, пред да се распеат со „Битанга и принцеза“, „Доживјети стоту“, „Хајдемо у планине јер тамо нема зиме“, „Да сам пекар“, „На задњем сједишту мога аута“ или „Тако ти је мала моја када љуби Босанац“,  членовите на бендот ќе го промовираат хитот и спотот за новата песна со симболичен наслов „Сувенир из Сарајева”.

Ветуваат одлична забава со целовечерна концертна свирка во четврток на 30-ти јануари. Најпознатиот македонски трибјут бенд, „Бело копче – Tribute Bijelo Dugme“, секогаш верни на оригиналот и со музика и со рокерскиот изглед особено кога е во прашање пејачот Жељко Бебек, како и со својот сценски настап успешно го пресликуваат најславниот рок-бенд на сите времиња од овие наши географски простори. Од сега и со сопствена авторска музика. Членовите на групата се навистина многу интересни, а правата и атмосфера која тешко може со зборови да се опише. На крајот кога сите ќе си заминуваат го поставуваат истото прашање: „А, кога пак вака?“ Е, токму затоа жално би било да се пропушти нивниот настап во скопскиот ноќен клуб „Интермецо“, со почеток од 20:30 часот.

Всушност, да нема забуна, концертот не е од отворен тип. Исклучиво е само за естрадните новинари од македонските медиуми. Промоцијата ќе има и своја програма, а е замислена како претставување пред новинарите на првата авторска песна, но и на целокупниот концертен репертоар на бендот, во вид на целовечерна рок-забава. „Бело копче“ мислеше и на сите детали, па така новинарите и останатите претставници на медиумите фотографи и сниматели ќе бидат почестени и со бесплатни пијалаци! Да го видиме и тоа, па кога ќе си заминуваме и ние да го повториме она истото: „А, кога пак?“. Да се надеваме нема долго време да помине во чекањето, бидејќи сме нестрпливи и бидејќи веруваме во смислата на феноменалната забава.                     Д.М. фото: архива

 

 

ИЗДВОЕНИ