БИА: Бесмислени се наводите во извештајот на Амнести интернешенел

232

Безбедносно-информативната агенција (БИА) соопшти дека работи исклучиво во согласност со законите на Република Србија и посочи дека се бесмислени наводите во извештајот на Амнести интернешнал дека владата во Србија користи софтвер за нелегално шпионирање на активисти и новинари, пренесоа српските медиуми.

Во соопштението се нагласува дека БИА може само да констатира дека тривијалниот сензационализам на содржината на тој извештај укажува на целта на Амнести интернешенел, што, како што се наведува, се рефлектира во работата за интересите на одредени агенции и групи за притисок.