Инфлуенсерката Карла Барбер своевремено беше во врска со шпанскиот репрезентативец Алваро Мората, а сега во подкаст откри пикантни детали.

Карла Барбер стана позната поради неколку причини во Шпанија. Прво, таа е една од најбараните инфлуенсерки, со повеќе од милион следбеници, а второ, таа е една од најдобро оценетите докторки по естетска хирургија во светот.

Поради сето ова, Карла стана една од највлијателните жени, бидејќи се истакнува како една од најдобрите во неколку области.

Но, освен тоа, Карла стана позната и по романтичната врска со фудбалерот на Милан, Алваро Мората. Карла Барбер беше искрена како никогаш досега за својот поранешен партнер, но највпечатливо беше она што го кажа за Мората во зачинетата игра што и ја приредија.

Во подкастот ја прашуваа кого би убила, со кого би се омажила и со кого би спиела од поранешните партнери.

  • Би го убила Диего Матаморос, би се омажила за Карлос Руби и би спиела со Алваро Мората, признала таа.

Со оглед на тоа што Мората веќе е сингл, откако неодамна се разведе од Алиса Кампељо, па така не ни чудо ако Алваро и Карла си дадат втора шанса по оваа нејзина изјава.