Англискиот фудбал пред триесет години беше многу поагресивен и погруб од денес. Судиите дозволуваа поостра игра и не санкционираа толку строго прекршоци кои немаа никаква врска со играта. Еден од најпознатите „касапи“ од таа ера е Вини Џонс, кој сега има 59 години. Џонс изгради репутација со тупаниците и со провокациите на зелениот терен.
Централниот дефанзивец играше за Вимблдон, Челзи, Лидс, Шефилд Јунајтед и Квинс Парк Ренџерс. Во Британија, Џонс е дел од поп-културата бидејќи по фудбалската кариера стана актер. На познатиот режисер Гај Ричи му се допадна карактерот на Вини и му ја додели улогата на Руфин. Во интервју за Sport Bible, Џонс зборуваше за денешниот фудбал и откри дека нема позитивно мислење за видео-помошта, попозната на ВАР.
“Го мразам ВАР, веднаш би го укинал. Како и да е, нема многу голови во фудбалот, сакам да има повеќе. За мене офсајт не е кога напаѓачот е малку понапред од дефанзивецот, па погледнете на милиметар, според мене, тој треба да биде со целото тело напред, така што растојанието е јасно видливо на телевизија. Затоа, би го укинал ВАР-от, а потоа би ги казнил сите играчи кои непотребно се тркалаат на теренот кога глумат прекршок или повреда. Би им дал црвени картони, а не само опомени како денешните судии“, објасни Џонс.