„Топката сега е на руска страна“, реченицата што прво ја изговори американскиот државен секретар Марко Рубио, а потоа ја повторија уште неколку западни државници, покажува дека Русија може да се најде под притисок по американско-украинскиот договор, пишува Би-би-си.
„САД ќе и порачаат на Русија дека рускиот реципроцитет е клучот за постигнување мир“, е можеби клучната реченица од заклучоците од американско-украинските разговори во Џеда.
Во последните недели многу се слушаше за тоа што Доналд Трамп очекува од Украина и кои инструменти Белата куќа е подготвена да ги искористи за да го „покори“ Киев на својата волја.
Сега, се чини, е време да се испитаат и намерите на Русија. И тоа јавно.
Односите на Трамп со Владимир Путин досега беа тајни, без очигледни знаци на притисок на Володимир Зеленски.
Вчерашната заедничка американско-украинска изјава не значи дека Трамп наеднаш го променил ставот за Зеленски, наведува Би-би-си. Нивната врска е трнлива, резултат на долгогодишна меѓусебна недоверба.
Но, неодамнешниот конфликт во Белата куќа сега е во втор план. Со сегашното продолжување на споделувањето на американското разузнавање и безбедносната помош за Украина, Русија е таа што можеби сега го чувствува притисокот.
Но, и Доналд Трамп е под одреден притисок. Сега и тој мора да докаже дека Путин ќе го слуша, како што постојано тврдеше, пишува Би-Би-Си.