Безос е хит на интернет: Милијардерот потрча да ги пречека дамите од вселената, па се испружи во песокот/ВИДЕО

1512

Основачот и милијардер на Blue Origin, Џеф Безос, доживеа мала несреќа во Тексас кога се сопна и падна додека ја обиколуваше вселенската капсула Њу Шепард, по нејзиното успешно враќање на Земјата во понеделникот.

Во капсулата се наоѓала неговата свршеница Лорен Санчез, поп-ѕвездата Кети Пери и уште неколку патници. По слетувањето, Џеф Безос заедно со другите се доближиле до капсулата која слетала во пустината Тексас. Во еден момент, додека гледаше околу капсулата и ѕиркаше низ прозорецот, тој зачекори во вдлабнатина во земјата и падна во песокот.


Сепак, тој брзо стана и продолжи кон вратата на капсулата, каде што ја прегрна и бакна својата вереница Лорен Санчез.

Ракетата на „Блу Ориџин“ беше лансирана во понеделникот наутро од локацијата Launch Site One во Тексас. Во капсулата беа вклучени Лорен Санчез, Кети Пери, телевизиската водителка Гејл Кинг, филмската продуцентка Керијан Флин, инженерката на НАСА Ајша Боу и активистката за човекови права Аманда Нгуен.

Летот траеше околу десет минути, при што патнчките ја преминаа линијата Карман – границата на вселената лоцирана на надморска височина од 100 километри над Земјата – и накратко доживеаја бестежинска состојба пред да се вратат на земјата.

 

Кети Пери ја бакна земјата, Лорин Санчез му се фрли во прегратка на Безос: Женскиот екипаж слета од Вселената/ВИДЕО

ИЗДВОЕНИ