Три лица се убиени во напад со нож на Менхетен, а полицијата уапсила осомничен кој, според властите, ги извршил нападите без очигледна причина.
Рамон Ривера, 51-годишен бездомник, вчера е обвинет за три убиства, соопшти њујоршката полиција, пренесува Еј-Би-Си Њуз. Првата жртва, 36-годишниот Анхел Лата Ленди, бил убиен околу осум часот наутро додека работел на градилиште. Два часа подоцна, 68-годишен маж починал од повеќе убоди.
BREAKING: Stabbing suspect Ramon Rivera perp-walked out of NYPD’s 10th Precinct at 8:53 p.m., handcuffed and shackled in a white jumpsuit. He didn’t answer questions. Motive still unclear. Rivera stared icily at onlookers from the back of a squad car before he was taken away. pic.twitter.com/wJtmBu9BJh
— Dorian Geiger (@dgeigs) November 19, 2024
Идентитетот на втората жртва не е соопштен. Третата жртва, 36-годишна жена, имала повеќе убодни рани во градите и раката и била пренесена во болница, каде подоцна починала.
Осомничениот досега бил уапсен осум пати и се верува дека има проблеми со менталното здравје, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс.
The knives used in today’s stabbings across Manhattan: pic.twitter.com/Yfbhwl6gct
— Dean_Moses (@Dean_Moses) November 18, 2024