Безбедносната состојба на Балканот е „сериозно разнишана“, смета Вучиќ

39

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека безбедносната ситуација на Балканот е „сериозно разнишана“ и дека Србија „се стреми да ги зачува мирот и стабилноста, како и безбедноста на сите нејзини граѓани“.

Вучиќ на 10 март присуствуваше на владина седница на која, како што рече, се разговарало за актуелната безбедносна состојба во земјата и регионот, а особено за „безбедносните предизвици во Косово и Босна и Херцеговина“.

Разговаравме и за севкупните аспекти на најавениот протест на 15 март“, објави Вучиќ на својот Инстаграм профил по седницата на Владата.

Претседателот на Србија претходно изјави дека очекува „опозицијата да организира големо насилство“ на протестот што го најавија студентите во блокадата во Белград за 15 март.

Без да наведе детали или докази за таквите тврдења, Вучиќ рече дека „сите кои учествуваат во ова ќе бидат уапсени“.

Претходните масовни собири организирани од студенти во неколку поголеми градови во Србија со барање одговорност за смртта на 15 лица во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад беа мирни и немаше никакви инциденти.

ИЗДВОЕНИ