Без присуство на студенти денеска во 13 часот беше платото на кампусот на УКИМ, каде беше најавена средба на студентски пленум во организација на Самостојниот студентски сојуз на УКИМ.
На платото имаше само десетина новинарски екипи чија цел беше да известуваат за состанокот на кој требаше да се договорат идните активности на оваа организација.
Студентите од околните факултети беа само случајни минувачи кои немаа намера да присуствуваат на собирот.
По десетина минути студент со мегафон излезе од зградата на Филозофскиот факултет и ги повика студентите да влезат во салата на Филозофскиот факултет.
Тоа лице дрско им порача на новинарите дека не се пожелни на платото.
-Никој не ве повикал, не сакаме новинари, не сакаме да не снимате, вие сте платеници, зборуваше ова лице кое не сакаше да каже кого претставува.