По одлуката на Општина Центар за забрана за користење на мобилните телефони за време не наставата во сите училишта, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека ваквата мерка дека функционира одлично во сите училишта и е поздравена од целиот наставен кадар, а тие велат дека по оваа мерка учениците се пофокусирани на часовите.

– Забраната за користење мобилни телефони за време на часовите дава резултати. Оваа мерка ја имплементираме две години во основното училиште “Св. Кирил и Методиј” и има бенефит. Учениците, целосно се посветуваат на учењето и се подобрува квалитетот на образовниот процес. Со препораките коишто ги прифатија сите осум основни училишта во Центар обезбедуваме подобри услови во учењето и придонесуваме за развој на позитивна училишна атмосфера. Со редуцирање на употребата на мобилните телефони за време на часовите, учениците ќе се научат на важноста на личната дисциплина и ќе имаат поголема социјализација со своите врсници – вели Герасимовски.

Општина Центар е првата општина која воведе мерка за забрана за користење на телефоните и со оваа имплементација ќе се подобри образовниот процес, а се води по примерот на европските земји каде ова функционира веќе одамна. А Општина Аеродром пак, воведе препораки мобилните телефони да се забранат за користење од почетокот до крајот на наставата.

Министерката за образование и наука го дели истиот став, дека учениците се пофокусирани без мобилните телефони додека ја следат наставата во училиште, но според неа тоа е одлука која треба да ја донесат училиштата училиштата, а општините се оние кои ќе одлучат дали телефоните ќе бидат забранети за употреба.

– Согласна сум дека кога кај учениците нема мобилни телефони повеќе ќе се фокусираат на знаењето. Но, училиштата се под ингеренции на општините и општините заедно со менаџерите на училиштата заеднички ја носат таа одлука – рече Јаневска.

Таа додава и дека преку мобилна апликација родителите ќе може да го следат напредокот на детето. Сите оправдани и неоправдани часови, оцени и известувања ќе преку апликација ќе им овозможат на родителите да добиваат информации за нивните деца.

(С.Би.)

ИЗДВОЕНИ