Без Меланија Трамп во Вашингтон?

67
EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Сопругата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Меланија нема да се пресели во Вашингтон за време на вториот мандат на нејзиниот сопруг, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на повеќе неименувани извори.

Според соговорниците на американската ТВ мрежа, во тек се дискусии за тоа како точно и каде Меланија Трамп ќе го поминува времето за време на вториот мандат на Трамп.

Идната прва дама на Соединетите Американски Држави се очекува во следните четири години поголемиот дел од своето време да го поминува меѓу Њујорк и Палм Бич, Флорида. Изворите велат дека Меланија Трамп ќе продолжи да биде присутна на големите настани, дека ќе има своја платформа и приоритети како прва дама.

По изборите во 2016 година, Трамп го одложи нејзиното преселување во Вашингтон и таа пристигна во Белата куќа неколку месеци по инаугурацијата бидејќи синот Барон, тогаш 10 години, ја завршуваше учебната година. Барон Трамп, кој сега има 18 години, студира на Универзитетот во Њујорк.

Изворите сугерираат дека првата дама исто така ќе помине многу време во Њујорк за да биде поблиску до синот.

По изборите во 2016 година, Трамп го одложи нејзиното преселување во Вашингтон и таа пристигна во Белата куќа неколку месеци по инаугурацијата бидејќи синот Барон, тогаш 10.годишен, ја завршуваше учебната година.

Барон Трамп, кој сега има 18 години, студира на Универзитетот во Њујорк. Изворите сугерираат дека првата дама исто така ќе помине многу време во кулата Трамп во Њујорк за да биде поблиску до својот син, додава Си-Ен-Ен.