Наместо обичен бел леб и алтернативи направени од интегрално брашно, хељда и спел, популарниот леб од ленено семе, кој има бројни предности, можете да го јадете додека сте на диета.
Покрај тоа што не содржи глутен, има и низок гликемиски индекс (само 35), а добро се познати и здравствените придобивки од лененото семе.
За што е добро лененото семе?
Како и сите семки кои се богати со масти, лененото семе има значителна енергетска вредност – 100 грама ленено семе содржи дури 534 калории.
Сепак, не дозволувајте оваа бројка на калории да ве плашат, бидејќи се друго што дава лененото семе е многу корисно за организмот, па не е исто да го јадете и нездрава храна со иста калориска вредност.
Семките од лен се богати и со протеини, од кои во 100 g ги има околу 18,28 грама, а најчесто се препорачува да се консумира во комбинација со месо бидејќи ленот не содржи лизин, важна аминокиселина.
Во 100 грама ленено семе има 28,88 грама јаглени хидрати, од кои повеќето се растителни влакна. Покрај тоа, тие се одличен извор на витамини и минерали, првенствено витамин Б1, фосфор, бакар и растителни соединенија како што се p-кумарна киселина, ферулинска киселина, цијаногени гликозиди, фитостероли и лигнани.
Овие семиња се меѓу најевтините, особено ако ги купувате поединечно во продавниците за здрава храна.
Рецепт за леб од ленено семе
Состојки:
100 гр ленено семе
6 белки
Подготовка:
Вечерта пред да го подготвите лебот, лененото семе потопете го во вода да отстои и отече.
Следниот ден добро исцедете ги, па ставете ги во блендер.
Потоа одвојте ги белките од јајцата, прелијте ги врз семките од лен и изблендирајте ги додека не се исецкаат ситно (но внимавајте да не претерате – треба да бидат мелени, а не прашкасти). Периодично чистете ја смесата од внатрешните ѕидови на блендерот, па продолжете.
Смесата истурете ја во сад за печење обложен со хартија за печење, па печете 35 минути во рерна загреана на 180 степени.
Откако ќе се испече, исклучете го и оставете го лебот во рерна уште 45 минути за да не се израмни кога ќе го извадите на собна температура.