Американскиот кошаркар Патрик Беверли реши да се врати на европската кошарка по 13 години поминати во НБА. Претходно настапуваше за Днипро, Спартак Санкт Петербург и Олимпијакос, а сега се договори со Хапоел Тел Авив, каде 36-годишниот кошаркар ќе ја продолжи кариерата.

Во еден поткаст тој зборуваше за односот меѓу тренерите и кошаркарските ѕвезди во НБА и кажа нешто многу интересно.

  • Многу големи ѕвезди во НБА се плашат од тренерите, а некои дури и не сакаат да имаат добар тренер. Ако сте успешен стратег и сте преземале тим кој има играчи со помал успех, играчите нема да ве сакаат на клупата. Тренерите доаѓаат како успешни, а играчите се безуспешни во таа ситуација и затоа сигурно се прашувате „Зошто успешен тренер не презема некој тим? Причината е едноставна, играчите се плашат од тренерите и не ги сакаат во тимот, изјави Беверли.