Бессона ноќ во Неапол: По силниот земјотрес граѓаните ја поминаа ноќта на улиците/ВИДЕО

1430
screenshot X

Многу луѓе во италијанскиот град Неапол и околината ја поминаа ноќта на улиците или во автомобили откако силен земјотрес ги потресе зградите и предизвика штети.

Италијанските сеизмолози соопштија дека земјотресот бил со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала и го погодил Неапол во 1:25 часот по локално време во четвртокот на мала длабочина од три километри.

Снабдувањето со електрична енергија е прекинато во делови од Неапол.

Во блискиот град Поцуоли, во близина на епицентарот на земјотресот, едно повредено лице е извлечено од урнатините на делумно урната куќа.

Земјотресот во четвртокот бил почувствуван во неколку области на регионот Кампанија, јавуваат италијанските медиуми.

По земјотресот следеа најмалку два послаби последователни потреси.

Луѓето во страв ги напуштија своите домови и останаа на улиците на Неапол, стравувајќи од нови потреси.

Подоцна се појавија фотографии на кои се гледа оштетена куќа и автомобил со скршено ветробранско стакло.

Веднаш бил формиран координативен центар за спасување.

Училиштата во Позуоли и две околни населби беа затворени во четвртокот за да може да се проверат стабилноста на зградите, објави весникот „Кориере дела сера“.

Земјотресот беше со ист интензитет како минатиот мај – најсилниот што го погоди Кампи Флегреј во последните 40 години – и се случи околу еден месец откако беше регистриран земјотрес со јачина од 3,9 степени во областа.

Во областа Кампи Фелгреи, има 15 градови во кои живеат повеќе од половина милион луѓе во таканаречената „црвена зона“ која е најранлива.

Минатата година италијанската влада најави нови мерки како одговор на зголемената сеизмичка активност во областа, ажурирајќи ги плановите за можна масовна евакуација.

ИЗДВОЕНИ