По големата трагедија што го погоди Кочани, а во тагата се обедини цела Македонија, Балканот и светот, се појавија и измамници кои на секаков начин се обидуваат да дојдат до пари од граѓаните кои се солидаризираат со семејствата на жртвите.
Еден од таквите е и извесен Филип Мицевски, кој се претставува како 20-годишниот син на пејачката Сара Пројковска, која загина во пожарот.
Оваа немила приказна ја споделија многумина на своите профили на социјалните мрежи, а ја објави Воислав Дабевски.
„ВНИМАВАЈТЕ луѓе, постојат нелуѓе! За малку ќе наседнев на измама за пари откако понудив помош по трагедијата во Кочани. Добив повик од дечко кој се претстави како Филип Мицевски, 20-годишен син на пејачката Сара Пројковска, која загина во пожарот. Тој ми раскажа дека неговата сестра, која била со Сара во клубот, сега лежи во болница во Скопје со тешки изгореници и дека во петок треба да ја префрлат во болница во Осло. Звучеше вознемирено, дури и плачеше – толку убедливо што почнав да го тешам. Потоа ми побара пари за маст за изгореници, и тогаш почнав да се сомневам. Ми испрати и слика од пасош, но веднаш забележав по годината на раѓање дека личноста на него е 30-годишен маж, а не 20-годишно момче.