EPA-EFE/CJ GUNTHER

Екипата на Кливленд Кавалирс има одличен старт во НБА лигата, откако оствари девет победи и нема ниту еден пораз во досегашниот дел од сезоната. Последниот триумф го оствари на гостувањето кај Њу Орлеанс со 131:122, што е првпат во 54-годишната историја на франшизата.

Досегашен рекорд беше 8-0 од сезоната 1976/77, под водство на Бич Фич, а која подоцна ја заврши со 43/39. Со оглед на тоа што Оклахома загуби од Денвер, Кливленд во моментов е единствен без пораз во НБА лигата.

Донован Мичел со 29 поени го предводеше победничкиот тим, исто колку што кај Њу Орлеанс постигна Зајон Вилијамсон. Интересно е тоа што следен противник на Кливленд ќе биде Голден стејт, тим што го држи рекордот за најдобро отворање на сезоната со 24/0 од 2015/16.