Бесплатно паркирање за Велигденските празниците во Центар 

40

Паркирањето на територијта на Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани.

Од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ информираат дека утре, в недела и в понеделник граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува претпријатието. Од ова исклучок се затворените паркиралишта „Дилајла“ и „Трготекстил“.

Согласно програмата за неработни денови за 2025 година, сабота е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе работат со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 22.04.2025 година (вторник) со вообичаено работно време.

ИЗДВОЕНИ