Бесплатни униформи за сите ученици во Гази Баба 

64

Со почеток на учебната 2024/2025 година, сите ученици од општинските основни училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат бесплатни униформи.

Овој проект почна да се реализира во Oпштина Гази Баба, со доаѓање на градоначалникот Бобан Стефковски.

– Со реализацијата на овој проект, се намалуваат социјалните разлики што ги има во секое општество и се постигнува чувство на еднаквост меѓу децата, без поделби и разлики меѓу нив во начинот на облекување, а притоа се намалуваат и трошоците на родителите на учениците – потенцираат од Општина Гази Баба.