Бесплатни училишни униформи за 6.800 ученици

32

Општина Гази Баба обезбеди бесплатни училишни униформи за сите ученици кои го следат образовниот процес во општинските основни училишта на нејзината територија.

Со проектот се опфатени 6.800 ученици кои добиваат сет на бесплатни училишни униформи, кој содржи две поло маици, една блуза со долг ракав и еден дуксер.

Овој проект првпат се имплементираше во општина Гази Баба минатата година и претставува реализирано ветување од изборната програма на актуелниот градоначалник, Бобан Стефковски.

За реализираниот проект, градоначалникот Стефковски истакна дека е од голема важност за општината и е посебно среќен бидејќи учениците се ослободени од предрасудите и на сите нив им останува единствено обврската да се посветат на совладување на материјалот кој им се предава од страна на наставниот кадар.

Општина Гази Баба, како што се наведува во соопштението, продолжува со реализација на проекти кои ќе обезбедат поквалитетно образование и воспитание на децата.

Вредноста на проектот е 14.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Гази Баба.