Пролетното издание „Ecoscop“ на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали (Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал, Филмски фестивал Херцег Нови и ИФФК „Браќа Манаки“), ќе се одржи денеска (22 април).

Публиката од земјите чии фестивали се членки на Мрежата, ќе има прилика на бесплатна проекција да го погледне филмот „ТераФорма“ (TerraForma). Кај нас проекцијата ќе се одржи во Кинотека на Македонија со почеток во 20 часот, а потоа ќе се одржи панел дискусија со експертот по екологија Ханес Јаекл.

По бесплтната проекција, филмот ќе биде достапен една недела онлајн на ондеманд платформата на линкот: https://ondemand.kinomeetingpoint.ba/.  Пролетното издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион е единствена можност за публиката во Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија и Македонија бесплатно онлајн да го погледне филмот.

Документарецот „ТераФорма“ е приказна за оддалечениот вулкански остров Вознесение, кој тлеел милиони години сè до неговата радикална трансформација со процес на „тераформирање“ во тропски рај. Тоа е приказна за тоа што таа трансформација може да значи за нашата планета во иднина каде што може да дојде до тераформирани пејзажи создадени од човекот кои го искривуваат нашето разбирање за самата „природа“.  Режисерското дуо Кевин Бренан и Лоренс Дуркин се пријатели и долгогодишни соработници. Нивниот прв заеднички проект е токму „TerraForma“кој се осврнува на разорниот, но револуционерен гео-инженерски проект од 19 век кој радикално ја промени климата и екологијата на островот Вознесение.

Пролетното издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион ќе се реализира со бесплатна проекција на филмот и во кината во Сараево, Белград, Хецег Нови, Љубљана и Загреб.

ИЗДВОЕНИ