Бесплатен скрининг на тироидната жлезда за деветтооделенците во Општина Аеродром

15

Учениците од деветто одделение од сите основни училишта во Општина Аеродром добиваат можност да извршат бесплатен скрининг на тироидната жлезда.

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и в.д директорот на Здравствената установа „8-ми Септември“, проф. д-р Синиша Стојаноски, потпишаa Меморандум за соработка, со кој се предвидува скрининзите да се реализираат во училиштата по претходно определен датум и по добиена писмена согласност од родител или старател на ученикот.

Како што соопштија од Општина Аеродром, Митески по потпишувањето на Меморандумот, истакнал дека само со меѓусебна грижа за здравјето на децата, можат да се создадат услови за превентивна заштита и правилен раст и развој.

Стојаноски посочил дека се планира овој проект да не биде еднократен, туку да се воведе како редовна практика со цел превенција на младата популација.