Бесплатен превоз за битолчани до Стрежево и Пелистер

52

Поради температурната инверзија што деновиве се случува во Пелагониската котлина, особено во Битола, што резултира со ниски температури и густа магла, Општина Битола за време на викендов ќе организира бесплатен превоз до скијачките терени на Стрежево и кон Инфоцентарот на Пелистер, каде што граѓаните ќе можат да уживаат во сонцето, повисоките температури и чистиот воздух.

Поаѓањето ќе биде од една локација – паркингот на спортската сала „Боро Чурлевски“, во 8 часот и в сабота и в недела. Враќањето од скијачките центри кон Битола е во 15:30 часот, од локацијата каде што ќе бидат оставени на поаѓање.

Во меѓувреме, Општина Битола редовно го следи состојбите со квалитетот на амбиенталниот воздух во градот, преку двете официјални мерни станици Битола 1 и Битола 2, како и препораките кои што доаѓаат од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Вчера, Општина Битола веќе објави дека во текот на два последователни дена, прагот е надминат во мерната станица Битола 2. Исто така, веќе се вршат вонредни инспекциски надзори за контрола на Б интегрирани дозволи, се казнува и опоменува за горење на несоодветни опасни материјали, забрането е горење на отворено итн., согласно мерките пропишани од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за инспекциски надзори од страна на општинските служби.

Од денеска, пак, се прекинати мерките во Кичево што се активираат кога има надминат праг на алармирање, откако концентрацијата на ПМ10 честичките два последователни дена по ред се пониски од 150 мг/м3.

 

ИЗДВОЕНИ