Бесплатен паркинг за Бадник и за Божик

148

Од јавното претпријатие „Градски паркинг“ известуваат дека на првиот ден од Божик (7.1.2025 година), на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува тоа, т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.

Редовна наплата ќе се врши на следниве паркиралишта: зона А0 – Водно, катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ и на јавните паркиралишта „Кочо Рацин“, „Треска“, „Градска болница“, „Нова Македонија“, АМСМ, „Народен фронт“ и „Клинички центар Мајка Тереза“.

Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, на 6 и на 7 јануари 2025 година ќе бидат без наплата за граѓаните.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавањето договори во дирекцијата ќе продолжат в среда, со вообичаеното работно време.

Депото на Пајак-службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 во текот на празниците, како и паркиралиштето „Дилајла“, кое е со автоматска наплата.

 

ИЗДВОЕНИ