Во насока на подигнување на свеста кај младата популација за важноста на превентивните прегледи и грижата за здравјето на жените, Општина Карпош овозможува бесплатен медицински преглед на дојките за девојките на возраст од 20 до 30 години што се жителки на оваа скопска општина.
Во тој поглед, заинтересираните карпошанки може да добијат повеќе информации и да закажат бесплатен преглед почнувајќи од вчера, на телефонскиот број 071 243 400.
Општината, која воедно е и правата локална самоуправа што презема ваква иницијатива, издвои финансиски средства од својот буџет, во висина од 200.000 денари. Станува збор за акција што се реализира како дел од Програмата на Општина Карпош за еднакви можности меѓу жените и мажите за 2025 година, како проектна активност за превенција и поддршка на женското здравје.