БЕСНА МАШИНА: Ова е новото милениче на Никола Јокиќ/ВИДЕО

469
EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Кошаркарската репрезентација на Србија го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Париз, секако на овој турнир блескаше и Никола Јокиќ, дури беше во првата петорка, а одамна е познато дека ги обожава автомобилите и не штеди на нив.

Кога Никола Јокиќ дојде на репрезентативниот собир со „бесен“ автомобил, сите се прашуваа за каков модел станува збор.

@90dcanon Nikola Jokić stigao na okupljanje reprezentacije #auto #bmw #nikolajokic #kosarka #sporttiktok #foryou #foryoupage ♬ Bamba! – Armağan Oruç

Се работи за моделот BMW XM кој го движи комбиниран погон, гориво и електрична енергија, со моќност од 480 kW (653 Ks) и вртежен момент од 800 Nm, кој од 0 до 100 km/h забрзува за 4,3 секунди.

Неговата цена се движи од 143.600.000 па нагоре, во зависност од верзијата и перформансите.

Ова не е единствената луксузна машина што ја поседува Јокиќ, бидејќи ѕвездата на Денвер има завидна флота од автомобили. Во неа место најде и Mercedes G63 AMG Brabus со 4.000 кубни метри и 700 коњски сили. Забрзува од 0 до 100 километри за пет секунди, а максималната брзина е 210 km/h Станува збор за црн модел чија цена е од 425.000 до 530.000 долари, во зависност од годината и моделот.

Тој поседува и Lamborghini Huracan чија максимална брзина го оправдува името, бидејќи од 0 до 100 оди за 3,2 секунди – Неговата цена е околу 300.000 евра. И третиот автомобил е Lamborghini, поточно Aventador S. Тој е и најбрз во колекцијата, бидејќи развива до 350 km/h, додека 100 km/h од место достигнува за 2,9 секунди. Неговата цена е 380.000 евра.