
Пред само една година беше депресивна и тажна на Австралија oпен, мислејќи дека можеби ќе се повлече од тенисот поради проблеми со грбот. Една година подоцна, Паола Бадоса е во полуфиналето во Мелбурн.
Тенисерката од Шпанија ја совлада Коко Гоф, Американката која многумина ја гледаа како фаворит за трофејот. На „Род Лејвер“ мечот траеше 103 минути, а Бадоса славеше со 7:5, 6:4.
„Никогаш не би помислила дека една година подоцна ќе се најдам на оваа позиција“, рече Шпанката по победата.

За 27-годишната тенисерка од Шпанија ова беше прва победа над ривал од ТОП 10 на еден Грен слем турнир. Во полуфиналето ја чека актуелната шампионка и добра пријателка Арина Сабаленка, која во четвртфиналето ја совлада Русинката Анастасија Павличенкова со 6:2, 2:6, 6:3.
Германскиот тенисер Александар Зверев се пласира во полуфиналето на Австралија Опен, откако во драматичен меч славеше победа над Томи Пол од Соединетите Американски Држави со 3:1 во сетови (7:6/, 7:6/0, 2:6, 6:1).