Фото: Фејсбук

Најмалку 50 млади луѓе загинаа, а повеќе од 100 се повредени во невидена трагедија што синоќа го погоди Кочани, кога избувна пожар во дискотека на која присуствуваа 1.500 луѓе.

Меѓу жртвите има и голем број лица помлади од 18 години, а деталите за хоророт ги раскажал татко на 17-годишник кој имал среќа неговиот син навреме да излезе и да преживее.

-Трагедија, страшна, луѓето врескаат, син ми беше таму но за среќа избега. Дојдовме да видиме утрово, а што видов? Беше страшно, немам зборови да го опишам – рекол таткото и додал дека на улица останале облека, чанти и лични работи на оние кои биле во дискотеката.

Тој кажа и дека тоа било стара дискотека во која одел кога бил млад …

ИЗДВОЕНИ