Фотографиите на познатата руска тенисерка Ана Курникова, кои се појавија во јавноста сериозно ги загрижија љубителите на тенисот ширум светот. Русинка, која две години не се појавува во јавноста, е фотографирана во инвалидска количка.

Ана беше забележана со ќерките, сестрата и пријателите во познатиот трговски центар Бал Харбор во Мајами. Беше во инвалидска количка и имаше ортопедска чизма на ногата. Покрај тоа, еден од прстите и е преврзан. Се уште не е познато како таа се здобила со повредите.

Иако поминаа две децении од нејзиниот последен меч во кариерата, љубителите на спортот не ја заборавија руската тенисерка. И покрај тоа што никогаш не освоила турнир во сингл, Ана беше убедливо најпопуларната тенисерка во доцните 90-ти и раните 2000-ти. Поради нејзиниот шарм и убавина, таа отсекогаш била исклучително популарна во медиумите. Беше секс симбол на една генерација, божица на белиот спорт која ја обожаваа милиони, а многумина сè уште ја сметаат за една од најубавите спортистки на сите времиња.

Во текот на нејзината играчка кариера, нејзиниот најдобар пласман на ВТА листата беше осмото место. Ана го освои срцето на познатиот пејач Енрике Иглесијас. Тие се заедно повеќе од две децении и имаат три деца од вонбрачна врска – близнаците Николас и Луси и ќерката Мери.

ИЗДВОЕНИ