Беше симбол на моќ, а потона на првото патување: 113 години од најпознатата поморска катастрофа на „Титаник“/ВИДЕО

461

На денешен ден во 1912 година се случи една од најпознатите поморски катастрофи во историјата – по ударот во санта мраз, потона познатиот брод Титаник. Несреќата се случила во северниот дел на Атлантскиот Океан во раните утрински часови на 15 април 1912 година, на патување од Саутемптон до Њујорк. Тоа беше прво океанско патување на брод за кој претходно медиумите тврдеа дека е неуништлив.

На бродот имало околу 2.200 патници и членови на екипажот, а само 706 преживеале. Иако Титаник беше рекламиран како „непотонлив“, тоа никогаш не беше технички официјално потврдено – тврдењето беше повеќе производ на сензационализам во весниците и маркетиншки интерпретации. Бродот всушност можеше да плови дури и ако четири од неговите шеснаесет прегради беа поплавени – но, по фаталниот судир со санта мраз и сериозното оштетување на трупот, вода наполнила шест од нив.

Иако основните факти за несреќата денес се горе-долу познати на сите, постојат и бројни помалку познати факти поврзани со оваа несреќа. На пример, ретко се споменува дека меѓу патниците имало и неколку познати личности од тоа време, меѓу кои и милионерите Џон Џејкоб Астор IV и Бенџамин Гугенхајм, кои загинале во катастрофата. На бродот била и младата модна дизајнерка Лусил Даф-Гордон, која преживеала, но била предмет на контроверзии бидејќи нејзиниот чамец за спасување не бил полн.

Бродот носел повеќе од 3 тони пошта и имал своја пошта. Петмина поштенски работници се обидувале да спасат вреќи со писма додека водата протекувала низ бродот – сите ги загубиле животите вршејќи ја својата должност. Еден од најтрогателните моменти беше настапот на оркестарот на бродот, кој, според сведоштвата на преживеаните, свирел до последните моменти за да ги смири патниците.

Потонатиот „Титаник“ лежи на длабочина од околу 3.800 метри. Стручњаците, како што е поморскиот археолог Џејмс Делгадо, како што објави „Дејли мејл“, најверојатно нема останати човечки останки во самиот брод. Професорот Џон Касела, пак, објаснува дека солената вода го забрзува растворањето на коскениот минерал хидроксијапатит, а морските организми ги користат коските како извор на калциум.

Режисерот Џејмс Камерон, кој го сними „оскаровскиот“ филм „Титаник“ од 1997, и кој повеќепати нурна до потонатиот брод, сведочи дека не видел човечки останки, но видел облека и чевли коишто можеби посочуваат каде лежеле телата некогаш. Можното идно барање и извлекување на останките ќе значи и оштетување на потонатиот брод, којшто е заштитен како поморска гробница и археолошки локалитет.

ИЗДВОЕНИ